- 1 табла за играње
- 32 картички со елементи
- 4 картички за играчи на кои играчот ги реди елементите кои се собираат во текот на играта. Секој играч добива по една таква картичка пред себе
- 4 фигури за играчи
- 1 коцка
Играта ја започнува играчот кој при фрлање на коцката, прв ќе добие шестка. Со тоа тој се стекнува со право да го постави човечето на таблата и да сврти уште еднаш, за да може да го помести човечето.
При стапнување на некое поле, играчот ја зема картичката со елементот на тоа поле и ја реди на картичката пред себе.
Напомена: Доколку при следно фрлање некој од играчите застане на поле каде што веќе го има елементот, тој играч го пропушта следното фрлањедо следниот круг.
Победник е оној играч кој прв ќе ги собере осумте елементи и ќе ги комплетира годишните времиња.
Среќно ...