DuckDuckGo е пребарувач кој нуди мобилна апликација - прелистувач и десктоп додаток, овозможувајќи Ви да пребарувате на Интернет без споделување на личните податоци со компаниите. Ветува анонимност на Вашите пребарувања и нуди вградено блокирање на тракерот, така што сајтовите што ги посетувате потешко собираат информации за вас.

За почеток, DuckDuckGo не ги следи пребарувањата направени преку екстензијата на прелистувачот или мобилната апликација. Другите прелистувачи, вклучително и Chrome, Ви дозволуваат да користите приватни или инкогнито прозорци кои не ја следат Вашата историја на пребарување, но нивните стандардни прозорци го прават тоа. (Тоа е основата на секоја шега за „Срамната историја на пребарувањето“.) Наместо да Ве натера да отидете на друга верзија на нивната апликација, DuckDuckGo никогаш не ја следи вашата историја на пребарување. Тоа им е главниот адут.

Пребарувањата направени преку DuckDuckGo, исто така, автоматски Ве поврзуваат со шифрираната верзија на веб-страницата секогаш кога е можно, што го отежнува секој друг да види што гледате на Интернет. Ова е уште едно сценарио каде и двете опции (шифрирани и нешифрирани) постојат и кај други пребарувачи, но стандардните поставки не Ви ја штитат приватноста. DuckDuckGo ви зачувува дополнителни чекори за рачна навигација до шифрирани врски.

DuckDuckGo, исто така, активно ги блокира надворешните тракери да не Ве следат на Интернет. За подетално објаснување за карактеристиките на приватноста на DuckDuckGo, проверете го нивниот блог.