DuckDuckGo се претставува како алтернатива на „Пребарување на Google“, позиционирајќи се помеѓу онлајн трагачите и вашите лични информации. Еве како функционира.

Ако некогаш сте пребарувале пар чевли и Ви се појавуваат реклами за истите чевли на навидум секој сајт што сте го посетиле во следните месец дена, сте ја виделе непријатната страна на онлајн следењето. Пробајте го DuckDuckGo: пребарувач кој ветува дека нема да Ве следат и исто така ќе ја чува Вашата активност за пребарување анонимна.

Постојат и други приватни прелистувачи, како Brave, кои блокираат тракери и колачиња од трети страни кои ја следат Вашата активност додека пребарувате на Интернет. Но, DuckDuckGo - кој неодамна имаше силна рекламна кампања - се гледа себеси како директен конкурент на Google Search, комплетиран со мобилна апликација и екстензии за Chrome, Firefox, Safari и други прелистувачи.

По големите инциденти како скандалот со Кембриџ Аналитика, луѓето станаа посвесни за тоа колку личните информации им се достапни на технолошките компании и огласувачите - и се одлучуваат да не бидат следени штом може, како што Ви дозволува iOS 14.5 на Apple. Бидејќи не ги следи корисниците, апликацијата на DuckDuckGo е преземена над 50 милиони пати само во последната година - што е повеќе од целиот претходен 13 годишен период на постоење.

Еве што треба да знаете за DuckDuckGo и како функционира за да ги одржува вашите пребарувања посигурни.