Производителот на графички картички Nvidia издаде итно предупредување за закана за безбедноста на драјверот на GPU што може да ги остави корисниците на Windows 10 отворени за низа сајбер напади.
Еве што треба да знаете за да ги зачувате вашите машини безбедни:

Корисниците на Windows 10 се ставени на црвена тревога за низа нови закани за безбедноста на графичкиот процесор од производителот на графички картички Nvidia. Фирмата со седиште во Калифорнија, која е на широко популарна за гејмерските компјутери, привлече внимание кон група безбедносни слабости пронајдени во Nvidia GPU драјверот. 

Како што објавија од Threatpost, овие недостатоци може да доведат до низа напади: од произволно извршување на код, до DOS. И двата видови се сериозни и може да ве остават без лични податоци, па да бидете принудени да плаќате за да ги отклучат вашите податоци или да не можете да пристапите до вашиот компјутер, затоа што бил симнат офлајн.

Вкупно, откриени се пет засебни безбедносни грешки во Nvidia GPU драјверот, а најкритична е грешката CVE-2021-1074. Рангирана од Nvidia како „маана со голема сериозност“, овој конкретен проблем може да им овозможи на лошите актери со пристап до Вашиот локален систем да инсталираат злонамерни датотеки.

Овие злонамерни датотеки може да бидат сè - од познат малвер до нова врста, со која сè уште не знаеме како да се избориме.

Тоа може да доведе до несакано извршување на код, ескалација на привилегиите, DOS или откривање информации. Овој недостаток, кој има резултат 7,5 од 10 CVSS оцена, беше пронајден во инсталерот на драјверот за графичкиот процесор.

Другите ранливости што ги потенцираше Nvidia исто така може да доведат до паѓање на системот Windows 10, уништување на податоци, откривање информации, како и DOS напади и несакано извршување на злонамерни кодови.

Nvidia откри и нови осум ранливости со својот софтвер vGPU, со пет од овие недостатоци рангирани на 7,8 на скалата CVSS. Овие пет грешки може да доведат до откривање на информации, нарушување на податоците и DOS.

Додека другите три недостатоци може да резултираат во загуба на интегритет и доверливост, како и DOS напади, меѓу другото.

За среќа, Nvidia се осврна на сите овие грешки со закрпи што може да се преземат сега преку преземањата на Nvidia драјвери.

Зборувајќи за тоа како корисниците можат да се заштитат себеси, во Интернет објава преку која целосно се оцртуваат грешките, Nvidia изјави: „NVIDIA објави безбедносно ажурирање на софтверот за NVIDIA GPU Display драјверот. Ова ажурирање се однесува на проблеми што може да доведат до несакано извршување на злонамерен код, DOS, ескалација на привилегии и откривање информации.

"За да го заштитите вашиот систем, преземете и инсталирајте го ова ажурирање на софтверот преку страницата за преземања на NVIDIA драјвери или за ажурирањето на софтверот vGPU, преку порталот за лиценцирање на NVIDIA."

Веста доаѓа после пријавите од корисниците за значителни проблеми од преземањето на мартовското и априлското издание од изминатиот вторник. 

Оригинален текст