DuckDuckGo се претставува како алтернатива на „Пребарување на Google“, позиционирајќи се помеѓу онлајн трагачите и вашите лични информации. Еве како функционира.

Ако некогаш сте пребарувале пар чевли и Ви се појавуваат реклами за истите чевли на навидум секој сајт што сте го посетиле во следните месец дена, сте ја виделе непријатната страна на онлајн следењето. Пробајте го DuckDuckGo: пребарувач кој ветува дека нема да Ве следат и исто така ќе ја чува Вашата активност за пребарување анонимна.

Постојат и други приватни прелистувачи, како Brave, кои блокираат тракери и колачиња од трети страни кои ја следат Вашата активност додека пребарувате на Интернет. Но, DuckDuckGo - кој неодамна имаше силна рекламна кампања - се гледа себеси како директен конкурент на Google Search, комплетиран со мобилна апликација и екстензии за Chrome, Firefox, Safari и други прелистувачи.

По големите инциденти како скандалот со Кембриџ Аналитика, луѓето станаа посвесни за тоа колку личните информации им се достапни на технолошките компании и огласувачите - и се одлучуваат да не бидат следени штом може, како што Ви дозволува iOS 14.5 на Apple. Бидејќи не ги следи корисниците, апликацијата на DuckDuckGo е преземена над 50 милиони пати само во последната година - што е повеќе од целиот претходен 13 годишен период на постоење.

Еве што треба да знаете за DuckDuckGo и како функционира за да ги одржува вашите пребарувања посигурни.


DuckDuckGo е пребарувач кој нуди мобилна апликација - прелистувач и десктоп додаток, овозможувајќи Ви да пребарувате на Интернет без споделување на личните податоци со компаниите. Ветува анонимност на Вашите пребарувања и нуди вградено блокирање на тракерот, така што сајтовите што ги посетувате потешко собираат информации за вас.

За почеток, DuckDuckGo не ги следи пребарувањата направени преку екстензијата на прелистувачот или мобилната апликација. Другите прелистувачи, вклучително и Chrome, Ви дозволуваат да користите приватни или инкогнито прозорци кои не ја следат Вашата историја на пребарување, но нивните стандардни прозорци го прават тоа. (Тоа е основата на секоја шега за „Срамната историја на пребарувањето“.) Наместо да Ве натера да отидете на друга верзија на нивната апликација, DuckDuckGo никогаш не ја следи вашата историја на пребарување. Тоа им е главниот адут.

Пребарувањата направени преку DuckDuckGo, исто така, автоматски Ве поврзуваат со шифрираната верзија на веб-страницата секогаш кога е можно, што го отежнува секој друг да види што гледате на Интернет. Ова е уште едно сценарио каде и двете опции (шифрирани и нешифрирани) постојат и кај други пребарувачи, но стандардните поставки не Ви ја штитат приватноста. DuckDuckGo ви зачувува дополнителни чекори за рачна навигација до шифрирани врски.

DuckDuckGo, исто така, активно ги блокира надворешните тракери да не Ве следат на Интернет. За подетално објаснување за карактеристиките на приватноста на DuckDuckGo, проверете го нивниот блог.


DuckDuckGo во суштина има спротивен пристап во споредба со другите големи технолошки компании како Гугл и Фејсбук, кои традиционално заработуваа со таргетирање реклами врз основа на вашата историја на прелистување и лични податоци. Додека Google рече дека ќе ја прекине оваа практика, платформата сéуште собира еден тон податоци за вас, вклучувајќи ја и вашата локација и активност за пребарување - да, дури и во инкогнито режим.

Режимот инкогнито едноставно ги брише информациите поврзани со сесијата за прелистување од компјутерот: историјата, колачињата и сите информации што сте ги внеле во полињата. Имено, тоа го прави само откако ќе ја завршите сесијата со затворање на сите јазичиња. Значи, ако ги оставите вашите инкогнито јазичиња отворени со часови или денови одеднаш, тие информации сепак ќе се натрупаат. И без разлика што, Google може да ги зачува вашите пребарувања - и компаниите, давателите на Интернет услуги и владите сéуште можат да ве следат преку Интернет, дури и кога користите инкогнито режим.

DuckDuckGo е различен затоа што воопшто не ги зачувува Вашите податоци за прелистување и блокира тракери додека прелистувате.


Google Search rival DuckDuckGo What to know about the private search engine 3DuckDuckGo сепак заработува од рекламирање - едноставно не користи насочени реклами. Пребарувачот ви прикажува реклами врз основа на клучните зборови што ги пребарувате, а кои не се поврзани со вашите лични податоци, како што е историјата на прелистување или купување. Во суштина, ќе гледате реклами само за она што моментално го барате, а не за чудниот производ што вашиот пријател ви го испрати минатата недела, од кој сега не можете да се извлечете.

Како можам да користам DuckDuckGo?
На мобилни уреди, едноставно отворете ја продавницата за апликации и побарајте „DuckDuckGo“. Beќе можете да ја преземете апликацијата „Прелистувач за приватност DuckDuckGo“ и да ја користите на ист начин како што користите Chrome или Safari. Во долниот централен дел на апликацијата, ќе видите икона - пламен, која можете да ја притиснете во секое време за да ги затворите сите јазичиња и да ги избришете сите лични податоци.

За десктоп уреди, одете на duckduckgo.com, каде што ќе видите копче за додавање DuckDuckGo на вашиот прелистувач. На Chrome, ќе бидете упатени до нивната веб-продавница за бесплатно преземање на додатокот. На Safari, ќе добиете инструкции како да поставите DuckDuckGo како стандарден пребарувач или рачно да активирате пребарување користејќи DuckDuckGo.

 

Оригинален текст