Некој треба да го провери Logitech.

Делл ја објави ултра оштрата веб-камерата, нов 4K производ, што на вашите онлајн преноси и презентации може да донесе квалитет - сличен на DSLR.

Работите станаа малку луди изминатата година при обид да се купи веб-камера, благодарение на пандемијата Ковид-19. Ненадејниот пораст на далечинското работење и затворањето на канцелариите ги направи речиси недостапни најдобрите веб-камери, а сите залихи одеднаш поскапеа. Целокупната ситуација беше хаос, но една позитива што треба да се појави од тоа е дека повеќе брендови сега ја препознаа важноста да понудат начини да останеме поврзани.

Дел не само што реши да влезе на пазарот на веб-камери, туку убедливо да доминира во него.

Модерна, со уникатен изглед

Опишана како „најинтелигентната 4K веб-камера во Светот“, во раната најава, од Делл открија дека се толку убедени во перформансите на ултра оштрата веб-камера, што се надеваат дека би ја посакувале доволно - за да го замениме нашиот сегашен избор, како Razer Kiyo Pro и Logitech Brio 4K Pro.

  • Што е тоа? 4K веб-камера на Делл
  • Колку чини? $199,99  (10500 мкд)
  • Кога можам да ја купам? Глобално достапно на 29 јуни 2021 година

Постои избор од три можности за видното поле (скратено FOV), со 65°, 78° и 90°. Со 4K ќе добиете 30fps, но ако претпочитате помазно видео, можете да го намалите квалитетот на стандардниот 1080p FHD и да добиете до 60fps, што исто така може да ја направи веб-камерата Dell UltraSharp одличен избор за стримери на платформи како Twitch и YouTube.

Исто така, добивате некои забавни одлики како AI Auto Framing за да останете во фокус, дури и кога се движите околу екранот и иновативната магнетна врска за прицврстување на веб-камерата на кој било од вклучените држачи, како: стандардниот за монитор или стативот за рамна подлога.

Сето ова сигурно звучи фантастично, но 200 долари (10500 мкд) сепак не е толку пристапна цена за веб камера.

Ако е толку добра како што тврди Делл, тоа сигурно би била попаметна инвестиција во однос на другите производи во истиот опсег на цени, како AVerMedia PW513. Со сигурност ќе знаеме кога ќе можеме да ја спротивставиме со моменталните „тешкаши“ на пазарот. Во секој случај, нештата стануваат поинтересни и изборот уште поразновиден.

Оригинален текст